Halit Süleyman
16 Јуни 2016•Ажурирај: 17 Јуни 2016
АЛЕПО (АА) - Руски воени авиони бомбардираа една болница и фабрика за лекови на северот од Алепо, во подрачјето контролирано од страна на опозицијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Од локални извори се дознава дека руски авиони синоќа во населбата Анадан, на северот од Алепо, ја бомбардираше болницата Анадан со фосфорни бомби, додека во подрачјето на Кефр Хамра, фабриката за лекови "Асѕа" е бомбардирана со вакум бомби. По нападите и двата објекти повеќе не се во состојба за користење.
Од истите извори се дознава дека руските авиони го бомбардирале и единствениот излез од градот, патот за Кастило и областа на Хандрарат. Во центарот на Алепо биле нападнати и населени места кои се под контрола на опозицијата.
Сè уште нема информации дали има починати и ранети во нападите.
Воените авиони на руската армија веќе 15 дена вршат интензивно бомбардирање на населбите, пазарите, болниците и центрите за цивилна заштита.
Лесно може да се направи разлика меѓу воздушните напади кои во Сирија ги спроведува режимот на Асад и руското воздухопловство. Режимот користи авиони од руско производство со застарена технологија, и не можат да вршат напади од поголема висина. Директно се приближуваат кон целта и напаѓаат само отворени простори. Нема фокусирање на целта и затоа се користи повеќе муниција која се расфла наоколу.
Покрај тоа, авионите на режимот кога пикираат произведуваат јак звук. Авионите на руската авијација при нападите не се приближуваат блиску до целта, така што нивните звуци не допираат до тлото. Првиот звук што се слуша при руските напади е експлозијата на бомбите.
Муницијата која ја користи режимот е од постара генерација, додека нова муниција користи руската авијација.