свет

„Освен сирискиот народ, никој нема право на удел врз богатствата на Сирија“

„Ја спречивме поделбата на Сирија, и силно го поддржуваме територијалниот интегритет на Сирија. Во наредниот процес ќе продолжиме да работиме со цел да се постигне стабилност во регионот“, рече Чавушоглу

Zuhal Demirci  | 09.11.2019 - Обновена : 11.11.2019
„Освен сирискиот народ, никој нема право на удел врз богатствата на Сирија“

АНТАЛИЈА/АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, истакна дека Соединетите Американски Држави (САД) признале оти во Сирија се наоѓаат особено за нафтените резерви, и рече дека освен сирискиот народ, никој нема право на удел врз богатствата на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).

Чавушоглу и генералниот секретар на Организацијата за економска соработка (ОЕС), Хади Солеиманпур, одржаа заедничка прес-конференција по 24. состанок на Министерскиот совет на ОЕС.

Што се однесува до изјавата на Министерството за одбрана на САД (Пентагон) оти приходите од нафтените полиња, што САД ги контролираат во Сирија, се пренесуваат на Сириските демократски сили (СДГ), кои се главен столб на терористичката организација ЈПГ/ПКК, Чавушоглу рече дека внимателно ги следат изјавите на САД за кои станува збор.

„Тие признаваат и отворено велат дека (во Сирија) се наоѓаат особено за нафтените резерви. Зборуваме за една земја која не го крие тоа дека тука се наоѓа за да ги заплени нафтените богатства на друга земја. Гледаме дека со приходите добиени тука ги поддржуваат терористичките организации како ЈПГ/ПКК“, нагласи Чавушоглу.

Според него, како што претходно правеше терористичката организација ДЕАШ, исто и ЈПГ/ПКК врши шверцување нафта.

„Никој нема право на удел врз богатствата на Сирија“, рече тој, истакнувајќи дека тие како Турција операцијата „Извор на мирот“ ја започнале за да се исчистат терористите, а не за запленување на богатствата на Сирија.

„Ја спречивме поделбата на Сирија, и силно го поддржуваме територијалниот интегритет на Сирија. Во наредниот процес ќе продолжиме да работиме со цел да се постигне стабилност во регионот“, додаде Чавушоглу.

Шефот на турската дипломатија истакна дека нафтените резерви му припаѓаат на сирискиот народ.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.