Orhan Onur Gemici
09 Ноември 2019•Ажурирај: 10 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Министерството за внатрешни работи соопшти дека се неутрализирани седум терористи во рамките на операцијата поддржана од воздух во руралното подрачје на Агри, извршена од градската Жандармериска команда, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Министерството, во рамки на операциите за внатрешна безбедност, извршена е операција поддржана од воздух во руралното подрачје на Агри.
Во оваа операција неутрализирани се седум вооружени терористи.
Инаку, на 7 ноември во руралното подрачје на Агри беа неутрализирани 8 терористи, со тоа што во последните 3 дена неутрализирани се вкупно 15 терористи.
Операциите во овој регион се во тек.