Операција Извор на мирот

Операција „Извор на мирот“: Во борбата против терористите загинаа 151 војник на СНВ

Командантите на Сириската национална војска соопштија дека за време на активностите за проверка на теренот, но и во нападите што ги извршиле терористите, од 9 октомври загинале 151 војник на СНВ, а 559 се ранети

Adham Kako  | 07.11.2019 - Обновена : 08.11.2019
Операција „Извор на мирот“: Во борбата против терористите загинаа 151 војник на СНВ

РАС АЛ АЈН/АНКАРА (АА) - Од почетокот на операцијата „Извор на мирот“, која на 9 октомври е започната во северниот дел на Сирија, во борбата против терористите на ЈПГ/ПКК загинаа 151 војник на Сириската национална војска (СНВ), јавува Anadolu Agency (AA).

Командантите на Сириската национална војска (СНВ) соопштија дека за време на активностите за проверка на теренот, но и во нападите што ги извршиле терористите, од 9 октомври загинале 151 војник на СНВ, а 559 се ранети.

Турската Војска и СНВ продолжуваат да спроведуваат безбедносни активности за да се воспостави безбедност на тоа подрачје.

Откако е паузирана операцијата, војниците на СНВ се распоредени на линиите на фронтот околу подрачјето на Тел Абјад и Рас ал Ајн, каде што уништуваат импровизирани експлозивни направи кои ги поставиле терористите.

Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, за време на говорот на состанокот на Партијата за правда и развој на 30 октомври изјави дека војниците на СНВ загинале додека ги бранеле своите домови и земја.

Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, на 23 октомври беше гостин на уредничкиот деск на АА, при што изјави дека војниците на СНВ секогаш давале придонес во антитерористичките операции на Турција.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.