Hatice Kesgin
19 Јуни 2016•Ажурирај: 20 Јуни 2016
МОСКВА (АА) - Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, се сретна со лидерот на сирискиот режим, Башар ал Асад, како дел од официјалната посета во со војна зафатената Сирија, соопшти Русија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според извештајот на Министерството за одбрана издадено вчера, Асад и министерот за одбрана, Сергеј Шојгу, дискутирале за воените прашања и соработката во областа на одбраната меѓу двете земји, како и за „борбата против терористичките групи кои се активни во Сирија”.
За време на неговата посета на иницијатива на рускиот претседател Владимир Путин, Шојгу исто така ги посети и руските војници кои служеа во воздухопловната база „Khmeimim”, во близина на Латакија, источна Сирија.
Во септември 2015 година, руската војска ја започна кампањата на најкритикуваните воздушни напади во Сирија на барање на режимот на Асад. Во ноември, руски авион беше соборен од страна на Турција по преминувањето од Сирија во турскиот воздушен простор и покрај неколкуте предупредувања од турска страна. Овој март, рускиот претседател Владимир Путин нареди делумно повлекување од Сирија, велејќи дека операцијата ги постигнала своите цели.
Сирија е заробена во жестока војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал-Асад презеде мерки со неочекувана свирепост на про-демократските протести.
Според статистиката на ОН од почетокот на војната загинаа над 250.000 луѓе, а над 10 милиони се раселени низ целата земја.
Сирискиот центар за политички истражувања истакнува дека бројот на загинати во шестгодишниот конфликт изнесува над 470.000 лица.