Barış Seçkin
19 Јуни 2016•Ажурирај: 19 Јуни 2016
РИМ (АА) - Во некои делови на Италија денес се одржува втор круг од локалните избори, јавува Anadolu Agency (AA).
Гласачките места во 126 општини, меѓу кои и во Рим, Неапол, Торино и Болоња, утрово беа отворени во седум часот, а ќе се затворат во 23 часот. Италијанското министерство за внатрешни работи соопшти дека својата граѓанска должност може да ја извршат 8.610.142 лица.
Првиот круг од овие избори се одржа на 5-ти јуни, но бидејќи никој не доби над 50 отсто од гласовите, се одржува втор круг во кој се борат двајцата кандидати кои имаа најмногу гласови.
На овие избори треба да се избере администрацијата во големите градови, меѓу кои Рим, Милано и Торино.
За власта во Рим ќе се бори Роберто Џиачетиод Демократската партија (ДП) и неговата главна oпонентка Вирџинија Раги. Во Милано, за довербата на населението ќе се бори Стефано Париси и Џузепе Сала.