Ekipa
19 Јуни 2016•Ажурирај: 19 Јуни 2016
ЈАКАРТА (АА) - Најмалку 24 лица загинаа во поплави и свлечишта во централна Јава, во Индонезија, додека 26 се водат како исчезнати, соопштија тамошните власти, јавува Anadolu Agency (AA).
Свлечиштата во целост заструпаа десетина куќи, додека илјада домови се поплавени по облините врнежи од дожд, кои за време на викендот погодија 16 окрузи и градови.
Портпаролот на Националната агенција за управување со катастрофи, Сутопо Пурво Нугрохо, соопшти денес дека 26 селани исчезнале во најпогодениот регион Пурворејо.
Спасувачките тимови ги пребаруваат подрачјата подложни на одрони на земјиште во Централна Јава, каде поројот од кал, камења и вода носеше автомобили од патиштата и прекри десетина куќи.
Сезонските дождови често предизвикуваат поплави и свлечишта во Индонезија, тропски архипелаг од 17.000 острови каде милиони луѓе живеат во планинските предели или во рамнините склони на поплави.