Sibel Uğurlu
19 Јуни 2016•Ажурирај: 20 Јуни 2016
АЛЕПО (АА) - Либанските шиитски борци на Хезболах вчера со судрија со сириските сили на режимот во северозападната сириска покраина Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните и воени извори зборувајќи под услов на анонимност поради страв за своја безбедност, за АА изјавија дека милитантите на Хезболах во Нубул и Захра ги принудиле младите Сиријци подржувачи на Асад да одат во Кан Туман, североисточно од градот Алепо, да се борат против режимот.
Судирите започнале кога борците на Хезболах ги задржале младите Сиријци кои одбиле да се борат на јужните фронтови, додадоа изворите.
Хезболах ги негираше изјавите и тврдеше дека тие се обид за зајакнување на моралот на групите поврзани со САД и Израел.
„Ние категорично ги негираме ваквите обвинувања и лаги произведени од страна на медиумските машини, кои се користат за правење лаги и измислици”, истакна Хезболах во соопштението.
Во нивниот извештај се повторува дека Хезболах има силни врски со Сириската армија и другите сојузници на сириска територија.
Арапските и странски медиуми известуваат дека борците на Хезболах и силите на режимот размениле оган во околината на северен Алепо, резултирајќи со жртви на двете страни.
Хезболах се бори на страната на режимот на Башар ал-Асад уште од 2011 година, кога Сирија падна во исцрпувачка војна откако владата презеде остри мерки на продемократските протести со неочекувана свирепост.
Шиитската група досега нема откриено колку од нејзините членови се убиени во Сирија но сириската Обсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија, објави дека над 1.000 борци на Хезболах загинале во Сирија.