Haydar Hadi
19 Јуни 2016•Ажурирај: 20 Јуни 2016
АНБАР (АА) - Здружените ирачки сили ги поразија силите на терористичката организација ДАЕШ и влегоа во центарот на Фалуџа, а моментално траат судирите во квартовите на периферијата на градот. Ирачките сили имаат и многу работa при чистење на минско-експлозивни направи кои терористите ги поставија пред повлекувањето, јавува Anadolu Agency (AA).
„Одлучни сме во Фалуџа да воспоставиме целосна безбедност и во тоа имаме целосна поддршка на ирачката влада. Во изминатите неколку часа уништивме најмалку десет автомобили кои терористите ги наполнија и оставија во центарот на градот. Во тек се судирите со преостанатите терористички елементи надовр од градот”, изјави за АА официјално лице на ирачкото министерство за внатрешни работи, Хусеин Хади.
Терористите на ДАЕШ контролата во Фалуџа ја презедоа летото 2014 година, а ирачките сили успеаа со здружена операција да ја вратат контролата над ова подрачје од својата земја.
Меѓутоа, знамето на ДАЕШ и понатаму се виори на Фалуџанскиот мост, недалеку од центарот на градот, а токму тој мост е следна стратешка цел на ирачките сили.
Операцијата за ослободување на Фалуџа започна на 23-ти мај, а ослободените делови од градот се толку девастирани што личат на сцени од филмови за апокалипсата. Во нив нема цивилно население.
Ирачкиот премиер, Хајдар ал-Абади, потврди дека ирачките сили ја вратиле контролата во центарот на Фалуџа и дека наредна цел им е ослободување на Мосул. Токму Фалуџа и Мосул претставуваа бастиони на терористите на ДАЕШ и нивниот самопрогласен „калифат” на подрачјето на Ирак.