Балкан

Шојгу во Белград: „Соработката во областа на одбраната во нагорен тренд“

Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, во текот на денешната официјална посета на Белград разговараше со претставниците на воениот врв на Србија за соработка на двете војски

Andelija Stojkovic  | 17.02.2020 - Обновена : 17.02.2020
Шојгу во Белград: „Соработката во областа на одбраната во нагорен тренд“ ( Foto: Milos MIskov / Anadolu Agency )

БЕЛГРАД (AA) - Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, во текот на денешната официјална посета на Белград разговараше со претставниците на воениот врв на Србја за соработката на двете војски, а врачен му е и почесен докторат, јавува Агенција Анадолија (АА).

На рускиот министер за одбрана врачен му е почесен докторат на Универзитетот за одбрана во Белград поради придонесот во военото образование во Србија.

Ректорот на Универзитетот за одбрана во Белград, Горан Радовановиќ, рече дека Шојгу е пријател на системот на одбраната на Србија и дека дал незмерлив придонес во соработката на военото образование и обука. Тој рече дека Шојгу е член на руската Академија на науки и дека е одликуван со највисоките признанија на Русија и Србија.

„Ви благодарам за високата оценка за мојата работа, ќе работам сѐ што можам за подобрувањето на пријателските врски на војските на Русија и Србија“, порача Шојгу, кој на граѓаните на Србија им го честиташе 15 Февруари - Денот на државноста.

Министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин, рече дека мирот во кој живее Русија, се должи на силната војска која е во состојба тој мир да го чува и дека Русија создала армија која е високотехнолошки способна и спремна да ги одбрани пријателите и сојузниците.

„Секој ваш успех го доживуваме како свој, а секоја рана на вашиот народ како своја болка“, порача Вулин.

Делегациите на министерствата за одбрана на Србија и Русија одржаа состанок по доаѓањето на Шојгу во Палатата „Србија“, на кој тема беше соработката во областа на одбраната.

Во соопштението по состанокот се наведува дека соработката во областа на одбраната има нагорен тренд и дека се одвива во согласност со Декларацијата за стратешко партнерство, а истакната е заедничка определба соработката помеѓу двете земји во наредниот период да биде дополнително унапредена, и да се остварат сите цели на соработката, на заемно задоволство на двата пријателски народи и држави.

Како што се наведува во соопштението „напредокот на соработката најдобро го покажува фактот што само во 2019 година се реализирани 94 активности во рамките на меѓународната воена соработка со Русија“.

Вулин истакна дека на Војската на Србија ѝ е чест да учествува на одбележувањето на Денот на победата над фашизмот во Втората светска војна, кое ќе биде одржано на 9 мај оваа година во Москва.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın