Adham Kako
03 Ноември 2017•Ажурирај: 04 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Силите лојални на сирискиот претседател Башар ал Асад го зазедоа центарот на Деир ез Зор, кој лежи на брегот на реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Новинската агенција „SANA“ (САНА) наведува дека силите на Асад во потполност го презедоа центарот на Деир ез Зор од терористичката организација ДЕАШ.
Се истакнуваа дека режимските сили во септември започнаа акција со воздушна поддршка од Русија и копнена поддршка од Иран и во потполност ја презедоа контролата над центарот на овој сириски град. Меѓутоа, дел од Деир ез Зор, на границата со Ирак, и понатаму од 2014 го контролира ДЕАШ.
Според последните информации, терористите на ПКК/ПЈД контролираат четвртина од територијата на Сирија. Нафтените полиња во Деир ез Зор во изминатите три години беа еден од главните извори за финансирање на терористичката организација ДЕАШ.