Haydar Hadi
03 Ноември 2017•Ажурирај: 04 Ноември 2017
АНБАР (АА) - Ирачките сили влегоа во Каим, во ирачки Анбар на сириската граница, последното упориште на терористичката организација ДЕАШ на тоа подрачје, јавува Anadolu Agency (AA).
Генерал-полковникот Абдулемир Јарула, кој ги спроведува воените акции против ДЕАШ во Ирак, потврди дека војската и силите што се борат против тероризмот започнале да влегуваат во Каим од сите страни. Безбедносните извори наведуваат дека од ДЕАШ е ослободен и граничниот премин Каим, помеѓу Ирак и Сирија.
Ирачките сили во октомври започнаа акција за ослободување на Каим, во Анбар, во западниот дел од земјата. Каим од 2014 година се наоѓа под контрола на ДЕАШ.