Ali Mukarrem Garip
08 Октомври 2017•Ажурирај: 09 Октомври 2017
КИРКУК (АА) - Терористите на ДЕАШ крадат сурова нафта од нафтоводот кој поминува низ ирачкиот град Хавиџа и со брза преработка шверцуваната нафта ја продаваат на подрачјето кое е под нивна контрола, јавува Anadolu Agency (AA).
Еден од командантите на проирачките сили Хашд Шаби, полковник Фирас Мухсин, за АА изјави дека терористите на ДЕАШ крадат сурова нафта од нафтоводот кој од рафинеријата Бејџи минува низ местото Ријад во Хавиџа.
Тој наведе дека терористите украдената сировина ја преработуваат во неквалитетна нафта и ја криумчарат на подрачјата кои се под нивна контрола во Ирак и во Сирија.
„Терористите ги крадат подземните богатства на Ирак. Истовремено, со начинот на кој ги обработуваат нафтените суровини ја загадуваат животната средина“, рече Мухсин и појасни дека терористите ја преработуваат нафтата во импровизирани мобилни рафинерии кои ги нарекуваат „хараки“.