Ekipa
08 Октомври 2017•Ажурирај: 09 Октомври 2017
ЊУ ОРЛЕАНС (АА) - Над 100.000 домаќинства денес останаа без електрична енергија во американските сојузни држави Мисисипи и Алабама, како последица од ураганот Нејт, пренесува Anadolu Agency (AA).
Компанијата „Alabama Power“ соопшти дека 59.000 корисници останале без електрична енергија во таа држава во југоисточниот дел на САД. Во Мисисипи, ураганот Нејт остави без електрична енергија околу 48.000 домаќинства.
Ураганот Нејт рано утринава го зафати брегот на Мисисипи пропратен со силен ветер и дожд, што предизвика поплави на улиците и автопатиштата во регионот. Малку подоцна, ураганот ослабе во тропска бура.
Официјалните претставници на Луизијана и Мисисипи претходно во своите држави прогласија вонредна состојба.
Во Луизијана беше наложена и евакуација на одредени крајбрежни подрачја и поставување на бариери во пресрет на очекуваното доаѓање на ураганот.