Kasım İleri
24 Октомври 2020•Ажурирај: 25 Октомври 2020
ВАШИНГТОН
Авион за обука на американската морнарица се урна врз куќа во американската сојузна држава Алабама, известува Агенција Анадолија (АА).
Мајор Зак Харел, портпарол на Воздушните сили на американската морнарица, соопшти дека авионот за обука од типот T-6B во 17:00 часот по локално време се урнал во населбата Фоли на градот Мобајл. Во несреќата животот го загубиле двајцата пилоти што се наоѓале во авионот.
Харел рече дека засега нема да бидат соопштени имињата на загинатите пилоти, додавајќи дека нема информации за евентуални жртви во населеното место каде што се урнал авионот.
Американските медиуми објавија дека во куќата врз која се урнал авионот избил пожар.
Полицијата на подрачјето на местото Болдвин информираше дека засега немаат добиено информации за евентуални загинати или ранети во несреќата.
Оваа недела и во сојузната држава Калифорнија се урна воен авион на морнарицата, од типот F/A-18, а пилотот успеал да се спаси катапултирајќи се.