Yusuf Şahbaz
09 Април 2021•Ажурирај: 10 Април 2021
ИЗМИР
Гувернерот на Измир, Селим Ќошгер, соопшти дека се спасени двајцата пилоти од авионот за обука што се урна на отворено море во подрачјето на турскиот град Фоча, известува Агенција Анадолија (АА).
Гувернерот Ќошгер за АА изјави дека авионот од типот KT-1 кој полетал од втората главна база Чигли, од засега непознати причини се урнал на отворено море во близина на островот Борак во подрачјето на турскиот град Фоча.
По добиената пријава, веднаш е започната спасувачката операција, за која гувернерот Ќошгер рече: „Во операцијата на екипите на Крајбрежната стража спасени се двајцата наши пилоти.“
Гувернерот Ќошгер додаде дека се работи на извлекување на остатоците од авионот.