Faruk Zorlu
31 Јули 2020•Ажурирај: 01 Август 2020
АНКАРА (АА) - Најмалку двајца терористи се неутрализирани во безбедносна операција во југоисточна Турција, соопшти турското Министерство за внатрешни работи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Командата на обласната жандармерија и полицискиот оддел во Сирт ја спроведоа операцијата поддржана од воздух во Јасидаг во дистриктот Ерух“, се вели во соопштението на Министерството.
Операциите во регионот продолжуваат.
Во соопштението не е наведено на која терористичка оганизација ѝ припаѓаат терористите, но во тој регион е активна терористичката ПКК.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени.