Турција

Акар: Со грчките претставници во Анкара ќе разговараме за спорните прашања

- Турскиот министер за одбрана, Акар, изјави дека се обидуваат да ги решат проблемите кои доведоа до зголемени тензии со соседна Грција

Handan Kazancı  | 31.07.2020 - Обновена : 31.07.2020
Акар: Со грчките претставници во Анкара ќе разговараме за спорните прашања

ЕДРЕНЕ

Турските и грчките официјални претставници во наредните денови ќе се состанат во Анкара со цел да ги решат прашањата кои доведоа до раст на тензиите, изјави турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Се обидуваме да ги решиме проблемите со овие состаноци. Нашата работа ја продолжуваме во таа насока“, изјави Акар по бајрамската молитва во џамијата „Селимије“ во Едрене, на северозападот од Турција.

Акар го придружуваа началникот на Генералштабот на Турција, генерал Јашар Ѓулер, командантот на копнените сили, генерал Умит Дундар, командантот на воздухопловните сили, генерал Хасан Кучукакјуз и командантот на поморските сили, Аднан Озбал.

Грчки официјален претставник во четвртокот изјави дека Атина сака да одржи разговори за разграничување на поморската граница со Турција.

Стелиос Петсас, портпаролот на грчката Влада, ја нагласи важноста на отворените канали за комуникација со Турција, особено во екот на зголемените тензии, мислејќи на Егејското Море и Источен Медитеран.

Петсас соопшти дека грчкиот премиер Киријакос Мицотакис имал телефонски разговор со лидерот на кипарските Грци, Никос Анастасиадис, за доаѓањето на турскиот брод за енергетско истражување „Барбароса Хајретин-паша“ во Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

Турција е гарант за ТРСК и доследно го оспоруваше едностраното истражување на администрацијата на кипарските Грци во Источен Медитеран, тврдејќи дека и ТРСК исто така има права на ресурсите во тоа подрачје.

По државниот удар во 1974 година кој за цел имаше анексија на Кипар од страна на Грција, Анкара инвестираше како гарант на ТРСК. Турската Република Северен Кипар е основана во 1983 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın