Faruk Zorlu
04 Февруари 2020•Ажурирај: 04 Февруари 2020
АНКАРА (АА) - Во јануари, во антитерористичките операции во рамките на Турција неутрализирани се 88 терористи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Заменик-министерот за внатрешни работи, Исмаил Чатакли, на прес-конференција истакна дека Турските безбедносни сили изминатиот месец спровеле околу 8.000 антитерористички операции во градовите и во руралните подрачја.
„Од вкупно неутрализираните, 40 терористи се заробени, додека 48, припадници на терористичките ПКК и ДЕАШ, им се предале на безбедносните сили“, рече Чатакли.
Безбедносните сили за време на антитерористичките операции уништија речиси 100 пештери, засолништа и скривалишта, а запленија десетици парчиња оружје, рачни гранати и импровизирани експлозивни направи.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.
Тој, исто така, рече дека над 2.600 осомничени се уапсени поради сомненија за нивна поврзаност со терористички организации, од кои на околу 410 им е изречена мерка притвор
- Тековни антитерористички и операции за борба против наркотици -
На 1 октомври минатата година Турција започна операции во рамките на борбата против тероризмот, а до 15 април спроведени се над 7.750 операции во 29 области низ Турција
„Досега, неутрализирани се вкупно 457 терористи во над 3.000 операции“, рече Чатакли.
Тој додаде дека уништени се околу 540 пештери и засолништа, а запленети се 780 парчиња оружје и муниција.
Во рамките на борбата против наркотици спроведени се речиси 14.800 операции, во кои се приведени 20.400 лица, а притворени над 2.000.
Тимовите запленија 7,8 тони хашиш, 750 килограми хероин, 81 килограм сканк и 14 килограми кокаин.
Чатикли истакна дека за трговија со наркотици приведени се 3.300 осомничени, а на 37 од нив им е пропишана мерка притвор.