Турција

Турција: Уште едно семејство се обедини со синот, киднапиран од терористичката ПКК

Како што соопштија безбедносните сили, Х. Ачан вчера им се предал на турските власти на граничниот премин Хабур во Ширнак, југоисточна Турција

Davut Demircan  | 04.02.2020 - Обновена : 06.02.2020
Турција: Уште едно семејство се обедини со синот, киднапиран од терористичката ПКК Фото: Mehmet Sıddık Kaya/AA

АНКАРА (АА) - Со напорите на Турските безбедносни сили, уште едно семејство, по четири години копнеж, се обедини со своето дете, киднапирано од терористите на ПКК, јавува Агенција Анадолија (АА).

Како што соопштија безбедносните сили, Х. Ачан вчера им се предал на турските власти на граничниот премин Хабур во Ширнак, југоисточна Турција.

Родителите на Х. Ачан, Метин Ачан и Неџла Ачан, од источната турска област Бинѓол, присуствуваа на протестот против терористичката организација ПКК во југоисточната турска област Дијарбакир.

По добивањето на добрите вести, родителите дојдоа во Полицискиот оддел за антитероризам за да се сретнат со синот по четири години.

Протестот на семејствата започна на 3 септември пред седиштето на Народната демократска партија (ХДП), која се товари за поврзаност со терористичката ЈПГ/ПКК, во Дијарбакир, кога Февзије Четинкаја, Ремзије Аккојун и Ајшеѓул Бичер посведочија дека нивните деца се присилно регрутирани од страна на терористите на ПКК.

Оттогаш бројот на семејства кои протестираат пред седиштето на партијата и бараат враќање на нивните деца, за кои велат дека се измамени или киднапирани од терористите, расте.

Досега, пет семејства се обединија со своите киднапирани деца, а протестот на семејствата влезе во својот 155. ден.

Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.