Nazlı Yüzbaşıoğlu,Tevfik Durul,Ömer Tuğrul Çam
04 Февруари 2020•Ажурирај: 05 Февруари 2020
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, истакнувајќи дека Турција нема да ги толерира нападите од страна на режимот на Башар ал Асад во Идлиб, во однос на темата истакна дека телефонски разговарал со рускиот колега Сергеј Лавров и рече дека Русија има важни должности, јавува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоглу на состанокот „Азија одново“ пред претставниците на дипломатските мисии на азиските земји во Анкара говореше за политиката на Турција кон Азија.
Истакнувајќи дека и во Азија постојат проблеми и кризи како што се тероризмот, неправилната моќ, внатрешните конфликти, Чавушоглу рече дека голем дел од Блискиот Исток се наоѓа во Азија.
„Долго време се обидувавме да најдеме решение за кризата во Сирија, која се наоѓа до нас. Неодамна имаше сериозна напнатост во Идлиб. Вчера имавме 8 шехиди (загинати). Агресивноста и дрскоста на режимот се зголемува. За да го балансираме, прекинеме тоа, како и во процесите Астана и Сочи, особено заедно со соседот Русија правиме напори за да се запрат конфликтите. За таа цел вчера телефонски разговарав со (министерот за надворешни работи на Русија) Сергеј Лавров. Тука секако Русија има важни должности. Ние сакаме што е можно поскоро да се постигне постојан прекин на огнот и со Уставната комисија да се забрза политичкиот процес. Но, не е можно да се толерираат нападите против нас. Ние возвративме, ќе возвраќаме и понатаму“, нагласи Чавушоглу.
- „Ќе работиме заедно за да се вратат кинеските граѓани во нивните земји“
Чавушоглу, изразувајќи сочувство до роднините на лицата што ги загубија животите во епидемијата од новиот вид коронавирус, укажа на важноста на меѓународната солидарност.
„Турција е една од ретките земји која испрати медицински материјали во Вухан“, истакна Чавушоглу, додавајќи дека се преземени некои мерки за летовите меѓу Кина и Турција.
„Не сакаме ниту еден државјанин на Кина да биде жртва. Ќе работиме заедно и ќе ги преземеме потребните чекори за да кинеските граѓани, кои се во посета на Турција, на безбеден начин се вратат во своите земји. Истовремено, ако Кина има потреба, ќе продолжиме да им испраќаме дополнителна медицинска помош“, додаде Чавушоглу.