Esra Tekin
28 Октомври 2023•Ажурирај: 30 Октомври 2023
АНКАРА (АА) – Турската разузнавачка служба, МИТ, неутрализира таканаречен командант на бригада на терористичката организација ПКК во северна Сирија, соопштија денес безбедносни извори, јавува Анадолу.
Мухамед Азо беше цел на МИТ и минатата година, но операцијата ја преживеал со повреди, истакнаа изворите.
Акцијата е преземена откако е утврдено дека терористот Азо, кој терористичката организација ПКК/ЈПГ го испратила на лекување во странство, се вратил во Дерик на северот на Сирија.
Азо беше баран поради нападот извршен на 2 февруари 2022 година во близина на воената точка Јакаџик, во југоисточна Туркије, во кој загина турски војник, а тројца беа ранети.
Тој бил и таканаречен командант на бригада во рамките на терористичката организација, а ја презел и улогата на координатор на заедничката вежба во која учествуваа 250 терористи и американските сили во Дерик, северна Сирија, на 7 септември 2022 година. Изворите соопштија дека Азо е сликан задно со американски војници за време на вежбата.