Elena Teslova
02 Ноември 2023•Ажурирај: 03 Ноември 2023
МОСКВА (АА) - Русија денес ја повлече својата ратификација на Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни тестирања (CTBT), откако претседателот Владимир Путин го потпиша соодветниот закон, пренесува Анадолу.
Рускиот Парламент претходно гласаше за нацрт-законот со кој се укинува членот 1 од законот, за ратификација на Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни тестови, со што се повлекува ратификацијата.
Русија соопшти дека промената ја става на еднакво ниво со Соединетите Американски Држави (САД), кои го потпишаа, но никогаш не го ратификуваа договорот од 1996 година, кој Русија го ратификуваше во 2000 година.