Турција

Турција: Издаден налог за приведување на 53 припадници на терористичката организација ФЕТО

Во соопштението на Обвинителството се наведува дека се работи за лица кои биле вработени во Генералната команда на жандармеријата, а меѓу приведените се 19 во активна служба.

Cemil Murat Budak, Serdar Açıl  | 09.04.2021 - Обновена : 10.04.2021
Турција: Издаден налог за приведување на 53 припадници на терористичката организација ФЕТО

АНКАРА

Државното обвинителство во Анкара донесе одлука за лишување од слобода на 53 осомничени лица во рамките на истрагата против терористичката организација ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Обвинителството се наведува дека се работи за лица кои биле вработени во Генералната команда на жандармеријата, а меѓу приведените се 19 во активна служба.

Се наведува дека е започната истрага против осомничените лица за кои е утврдено дека преку фиксни телефони комуницирале со членовите на ФЕТО, т.н. цивилни имами, вработени во Генералната команда на жандармеријата.

Во соопштението се наведува дека е издаден налог за притвор за вкупно 53 лица, вклучувајќи 19 во активна служба, 32 отпуштени и 2 пензионирани воени лица.

Во акциите кои ги извршија припадниците на антитерористичката единици на Полициската управа на Анкара во 33 области се приведени 33 осомничени лица. Во тек се акциите за приведување и на останатите осомничени.

Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за пуч во Турција, ноќта на 15 јули 2016 година.

Станува збор за терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД) и чија екстрадиција Турција официјално ја побара од САД.

Припадниците на терористичката организација, со години, преку местење на испитите напредуваа во службата, инфилтрирајќи се на тој начин во институциите на државата. Потоа, најпрвин во декември 2013 година, членовите на ФЕТО во правосудството на Турција со монтиран процес за наводна корупција се обидоа да процесуираат бројни високи функционери.

Неколку години подоцна следуваше и неуспешниот крвав обид за државен удар на терористите на ФЕТО, односно обидот за пуч, што го изведоа офицерите кои ФЕТО ги инфилтрира во турската војска.

Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа, која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја во која е активна. На тоа во повеќе наврати укажуваа турските функционери. Во текот на обидот за државен удар во Турција загинаа 251, а ранети беа околу 2.200 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.