Aykut Karadağ
01 Јули 2020•Ажурирај: 02 Јули 2020
АНКАРА (АА) – Во Турција во последните 24 часа се потврдени 1.192 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени изнесува 201.098, изјави денес турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турскиот министер за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа од Ковид-19 во земјата починале 19 лица, со што вкупната бројка на починати е зголемена на 5.150.
Во изминатите 24 часа број на оздравени пациенти од Ковид-19 изнесува 2.311 лица, а вкупниот број на излекувани од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 175.422.
Здравствените работници во текот на изминатото деноноќие извршија над 52.313 тестирања за вирусот, со што вкупниот број на направени тестови достигна 3.433.963.
Во последните 24 часа во земјата потврдени се 1.192 нови случаи на Ковид-19, досега вкупно 201.098.
На одделенијата за интензивна нега во Турција се наоѓаат 1.035 пациенти, а на респиратори се поврзани 362 заразени со Ковид-19.
Министерот Коџа на својот профил на Твитер потврди дека досега во земјата реализирани се речиси 3,5 милиони тестирања за Ковид-19.
„Вкупниот број на тестирања за Ковид-19 достигна речиси 3,5 милиони. Вкупниот број на случаи надмина 200.000. Општините Текирдаг, Баликесир, Самсун, Киршехир и Дузџе имаат постојан пад на бројот на нови случаи со вирусот. Исто тоа може да се постигне во сите општини“, порача турскиот министер за здравство.