Турција

Турскиот претседател Ердоган утре патува во посета на Катар

Претседателот Ердоган утре ќе оствари средба со емирот на Катар, шеикот Темим бин Хамед ал Сани

Zafer Fatih Beyaz  | 01.07.2020 - Обновена : 01.07.2020
Турскиот претседател Ердоган утре патува во посета на Катар

АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, утре ќе отпатува во еднодневна работна посета на Катар, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението на Канцеларијата за комуникации при Претседателството на Република Турција, претседателот Ердоган утре ќе оствари средба со емирот на Катар, шеикот Темим бин Хамед ал Сани.

Се очекува на средбата да се разговара за сите аспекти на пријателските и братски односи меѓу двете земји.

Тоа ќе биде првата посета на странска земја на турскиот претседател по епидемијата на новиот вид коронавирус, Ковид-19.

На средбата со емирот на Катар, шеикот Темим бин Хамед ал Сани, предвидено е да се разменат и ставови за регионални и меѓународни прашања.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.