Islam Doğru
27 Март 2021•Ажурирај: 28 Март 2021
ЊУЈОРК (АА) - Во торнадо во сојузната американска држава Алабама смртно настрадаа најмалку пет лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националната метеоролошка служба ги предупреди граѓаните дека е регистрирано силно торнадо на седум места низ државата.
Началникот на полицијата во Калхун, Метју Вер, рече дека најмалку пет лица загинале во торнадото што го погоди подрачјето и дека е предизвикана голема материјална штета на куќите и зградите.
Метеоролошката служба на подрачјето на Бирмингем ги предупреди граѓаните на опасност од торнада.
„Симнете се во подрумот на вашиот дом, не го чекајте последниот момент, заштитете се“, предупредија од Метеоролошката служба.
Над 17.000 домаќинства во Алабама останаа без електрична енергија.
Гувернерот на Алабама, Кеј Ајвери, ги повика граѓаните да ги преземат потребните мерки на претпазливост, предупредувајќи дека високата стапка на опасност од торнадо може да продолжи и во текот на ноќта, особено во 46 регии во северна Алабама.