Associated Press
14 Јули 2024•Ажурирај: 16 Јули 2024
БИРМИНГЕМ (АА) - Три лица, меѓу кои и едно мало дете, се убиени во саботата вечерта во американската сојузна држава Алабама, откако се испукани повеќе куршуми кон автомобилот со кој се возеле, пренесува Анадолу.
Полициската управа во Бирмингем на социјалните мрежи објави дека во тек е истрагата за тројното убиство извршено во северниот дел од градот.
Во соопштението се наведува дека полициските службеници реагирале на дојавата за сообраќајна несреќа во саботата околу 17:20 часот по локално време, објави локалната телевизија WBRC.
Автомобил имал бројни дупки од куршуми, информираше WBRC.