Ayşe Doğru
31 Август 2019•Ажурирај: 01 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Најмалку десет лица се ранети, а меѓу нив пет се во тешка состојба, во напад за време на фудбалски натпревар на стадион во Алабама, јавува Anadolu Agency (AA).
Нападот се случил за време на натпревар на два средношколски фудбалски тимови.
Локалните медиуми наведуваат дека пукотниците се слушнале за време на натпреварот на стадионот „Лад Пеблес“ Ladd-Peebles. Ранети се десет лица на возраст од 15 до 18 години.
Шефот на полицијата, Лоренс Батист, изјави дека младите ги пренесуваат кавгите на вакви настани, загрозувајќи ги на тој начин и останатите присутни.
Приведени се две лица.