Ekip
31 Август 2019•Ажурирај: 01 Септември 2019
ИСЛАМАБАД (АА) - Најмалку 24 лица загинаа, а две се повредени, кога патнички автобус синоќа се превртел во длабока клисура покрај патот во северен Пакистан, јавуваат локалните медиуми, пренесува Anadolu Agency (AA).
Жртвите, сите од исто семејство, се враќале од свадба.
Локалната телевизија „Гео њуз“ (Geo News) јавува дека автобусот превезувал 35 патници, меѓу кои имало и жени и деца. Несреќата се случила во близина на подрачјето Кандија во Кохистан.
Горен Кохистан е ридско подрачје кое граничи со регионот Гилгит-Балтистан.
При извлекувањето на настраданите и преживеаните, спасувачките екипи имале многу проблеми поради непристапниот терен и темнината.
Смртоносните сообраќајни несреќи се честа појава во Пакистан поради лошата инфраструктура, невнимателното возење и слабите безбедносни стандарди.