Nilay Kar
31 Август 2019•Ажурирај: 02 Септември 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Официјалниот профил на Џек Дорси, коосновачот и извршен директор на Твитер, вчера кратко време беше преземен од хакери, јавува Anadolu Agency (AA).
Хакерската група околу 15 минути објавуваше расистички и навредливи коментари од профилот на извршниот директор, кој има повеќе од 4 милиони следбеници.
„Телефонскиот број поврзан со профилот беше компромитиран поради безбедносен надзор од страна на мобилниот оператор“, напиша на Твитер потпретседателот за глобални комуникации, Брендон Борман.
„Ова му овозможи на неовластено лице да компонира и испраќа твитови преку текстуална порака од телефонскиот број. Тој проблем сега е решен“, рече тој.