Bedrudin Brlyavac
06 Февруари 2016•Ажурирај: 07 Февруари 2016
САРАЕВО (АА) - Социјалната мрежа Твитер укина над 125.000 Твитер профили од кои најголемиот дел се поврзани со терористичката организација ДАЕШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Раководството на Твитер се одлучи на ваков чекор со цел заострување на борбата против терористичките содржини и заканувачките пораки на таа социјална мрежа.
Овие профили се блокирани од средината на минатата година, поради, како што се наведува, „заканите или промоцирањето на терористички тенденции”.
Твитер се најде под притисок на владите на повеќе земји со цел да ги преземе потребните мерки против терористичките содржини што ги содржат бројните профили.
Твитер соопшти дека го осудува користењето на таа социјална мрежа за промовирање на тероризмот, како и дека, како и мноштвото луѓе во светот, се ужаснува со бруталноста и насилството кое го чини терористичката група.