Nuri Aydın
28 Јануари 2022•Ажурирај: 31 Јануари 2022
АТМОР
Погубен е затвореникот кој беше осуден на смрт за убиството што го извршил во 1996 година во американската држава Алабама, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Високиот суд, откако ја разгледа жалбата против смртната казна одредена од страна на Локалниот суд, ја потврди пресудата за 43-годишниот затвореник Метју Ривс.
Ривс е погубен со отровна инјекција во затворот „Холман“.
Кеј Ивеј, гувернерката на Алабама, за егзекуцијата на Ривс рече дека правдата е задоволена.
Адвокатите на одбраната се спротивставија на смртната казна со образложение дека Ривс „има ниво на читање како дете од прва година и познавање на јазикот на четиригодишно дете“.
Се тврди дека Ривс го убил Вили Џонсон Џр. во 1996 година и отишол да се забавува за да го прослави убиството.
Очевидци од тој период тврдеа дека Ривс на рацете имал крв од жртвата додека се забавувал. Овие наводи биле вклучени и во судските записи.