Mustafa Keleş
21 Август 2016•Ажурирај: 22 Август 2016
ЊУЈОРК (АА) - Во вооружениот напад во сојузната држава Алабама, убиени се пет лица меѓу кои се наоѓа и бремена жена, јавува Anadolu Agency (AA).
Во пишаното соопштение од канцеларијата на шерифот на округот Мобајл , осомничениот се наоѓа во притвор, а информации за причината на нападот сеуште не се дадени.
Новинар на АА дознава дека осомниченото лице по нападот ја напуштило Алабама и отишло во сојузната американска држава Мисисипи, каде се предало на припадници на безбедносните сили.
Полицијата не соопшти информации за идентитетот на осомничениот за нападот.