Emel Öz Gözellik
21 Октомври 2017•Ажурирај: 22 Октомври 2017
САО ПАОЛО (АА) - Во едно училиште во бразилскиот град Гојанија, ученик со оружје во рацете пукал врз своите соученици. Напаѓачот убил 2 ученика и ранил четворица, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата на Гојанија соопшти дека 14 годишен ученик пукал во своите соученици. Во нападот животот го загубија 2 негови соученици, додека 4 се ранети.
Во соопштението се наведува дека таткото на напаѓачот бил полицаец, а во нападот е користено оружјето на таткото. Напаѓачот е приведен.