Ayhan Şimşek
21 Октомври 2017•Ажурирај: 21 Октомври 2017
МИНХЕН (AA) - Германската полиција соопшти дека лице со нож рани четири луѓе во Минхен, но дека никој од ранетите нема повреди опасни по живот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Полицијата во Минхен ги повика луѓето од областа Росенхајмер Плац да не излегуваат надвор, по инцидентот кој се случи утрово.
Преку Твитер профилот полицијата објави дека осомниченото лице го бараат со сите расположливи полициски сили. Напаѓачот го опиша како машко лице на возраст од околу 40 години кој имал црн велосипед, сиви панталони, зелена јакна и ранец.