Ayhan Şimşek
23 Јули 2016•Ажурирај: 23 Јули 2016
БЕРЛИН (АА) - Најмалку 10 лица загинаа, вклучувајќи го и можниот напаѓач и повеќе од десетина се повредени во пукотницата што се случи вчера во трговскиот центар во Минхен, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефот на михенската полицијата, Хубертус Андре, за новинарите изјави дека осомничениот напаѓач, 18-годишно лице од Германија со иранско потекло, бил пронајден во област во близина на трговскиот центар Олимпија и се верува дека извршил самоубиство.
„Во моментов немаме никаков доказ дека уште некое друго лице е вклучено во нападот“, изјави тој.
„Засега, мотивот и позадината на нападот се целосно непознати“, додаде тој.
Видео-снимките од нападот што се прикажани на германските телевизии го прикажуваат напаѓачот кој пука во луѓето пред ресторан за брза храна во непосредна близина на трговскиот центар.
Полицијата изјави дека во нападот се убиени 10 лица, а најмалку 16 лица се повредени.
Безбедносните сили започнаа голема потера веднаш по нападот, поради тврдењата на сведокот дека имало тројца напаѓачи со пушки.
Подоцна било утврдено дека напаѓачот делувал сам.
Трговскиот центар Олимпија е евакуиран и антитеростичките тимови ГСГ 9 се испратени во градот за можна операција против напаѓачите.