Aldıjana Hadzıc
23 Јули 2016•Ажурирај: 24 Јули 2016
САРАЕВО (АА) - Меѓу историските настани кои се случиле на денешен ден, издвојуваме:
1829 - Пронаоѓачот Вилијам Барт го патентирал типографот, кој се смета за прва машина за пишување.
1916 - Почина научникот Вилијам Рамсеј. Нобеловата награда за хемија ја добил во 1904 година. Прв го утврдил настанувањето на еден елемент од друг (хелиум од радиум), ги открил сите благородни гасови, од аргон и хелиум до радон, и им одредил место во периодниот систем на елементите.
1952 - Со стапувањето на сила на Парискиот договор од 1951 година, службено е основана Европската заедница за јаглен и челик (ECSC - European Coal and Steel Community). Задача на заедницата беше од подрачјата на државте-членки – Белгија, Франција, Германија, Италија, Луксембург и Холандија, да створи единствен пазар за јаглен и челик. Со договорот од Париз, односно со негово стапување на сила, воспоставени се заеднички рамки за договори во производството и дистрибуцијата на јаглен и челик, и автономен систем на институции коишто ќе управуваат со тоа во следните 50 години.
1995 - Откриена е кометата Хале-Боп. Службено означена како C/1995 O1, Хале-Бом е една од најнабљудуваните и најсјајни комети што го посетиле Сончевиот систем за време на 20 век.
1906 - Роден е хемичарот Владимир Прелог, чиј основен интерес беше насочен кон стереохемијата на молекули и проблемот на просторната градба на молекули. Тој доби Нобелова награда за хемија за трудови во подрачјето на органските природни соединенија и стереохемијата. Владимир Прелог воведе назив за хемиската топологија за подрачјето на стереохемијата која се занимава со геометриски својства на молекулите.Тој почина на седми јануари 1998 година.
1989 - Роден е актерот Даниел Редклиф, најпознат по улогата на Хари Потер во мегапопуларните филмови напишани врз основа на подеднакво популарните романи на J. К. Роулинг. Тој беше номиниран за бројни филмски награди, а запаметен е по улогите во филмовите „Кројачот од Панама" и „Декемвриски момчиња“.
2004 - Во Мостар, свечено е отворен Стариот мост, чија обнова траеше седум години. Тој беше симбол градот, а беше срушен на 9 ноември 1994 година, припадниците на Хрватскиот совет на одбрана (ХСО).