Gordana Šimovic
31 Јули 2016•Ажурирај: 01 Август 2016
МОСТАР (AA) - Стариот мост во Мостар и старото градско јадро од раните утрински часови се место на кое пристигнуваат голем број посетители. Подготовките за одржување на јубилејните 450 скокови забрзано се приведуваат кон крајот. Се поставува заштитата од сонцето, угостителите, занаетчиите и трговците веќе ги изнесоа своите понуди. Скокачите кои ќе се натпреваруваат за титулата најдобар пристигнуваат од целиот регион, а домашните и странските туристи уживаат во богатите содржини, јавува Anadolu Agency (AA).
Кафе од најголемото ѓезве на светот, кое 2004 година влезе во Гинисовата книга на рекорди, беше првото утринско кафе за бројните посетители на старото градско јадро.
Иванка Клепица која со својот 16-годишен син Антонио од Австрија дојде на овогодинешните скокови, утрово прва на Стариот мост испи кафе од најголемото ѓезве на светот.
„Среќна сум што сме во можност да бидеме во Мостар за овој посебен настан. Кафето е одлично и едвај чекаме да започнат скоковите кои секоја година преку медиумите ги следиме. Сега сме тука и во живо", рече видно возбудената туристка.
Маријан Јелановиќ од Крагујевац кој се пријави да учествува на мостарските скокови за Anadolu Agency (AA), вели дека освен што ужива во првото утринско кафе во Мостар, најважно му е најважно да учествува на мостарските скокови кои за него се посебни.
„Девет години веќе доаѓам. Организацијата е одлична и супер поминувам во Мостар",рече скокачот од Крагујевац подготвен за скок во ледената Неретва.
Моментално во Мостар температурата изнесува 30 степени Целзиусови, а без сомнеж до 16 часот ќе се приближи и до 40. Поради тога, скокачите веќе ги заземаат своите места за освежување под Стариот мост.
Гласноговорникот на мостарските скокови Саша Оручевиќ за Anadolu Agency (AA) истакнува дека целта на организаторот е да собере што поголем број на гости под мостот.