Zlatan Kapiç
12 Април 2016•Ажурирај: 13 Април 2016
МОСТАР (АА) – Заменик премиерот на Република Турција, Нуман Куртулмуш, денес официјално го отвори 19-от Меѓународен саем на стопанството - Мостар 2016, јавува Anadolu Agency (AA).
Овогодинешен партнер на Саемот е Република Турција, а заменик премиерот на оваа земја, Нуман Куртулмуш,прогласувајќи го Саемот за отворен порача дека целта на Турција е зајакнување на добри односи со сите народи, лидери и државни региони. Тој изрази задоволство што се наоѓа во овој прекрасен град, додавајќи:
“И синоќа го посетив Стариот мост и уште еднаш се уверив во неговото значење .Утрово намерно го преминав и дојдов до тука”.
“Не сум јас тој кој треба на Мостарците да им зборува за значењето на Стариот мост, но морам да кажам дека градбите, можат да спојуваат и разделуваат луѓе. Имаме примери од минатото кога ѕидовите раздвојувале но има примери и кога спојувале луѓе. Мостарскиот мост за жал беше срушен, но, денес е повторно тука, спојува брегови и луѓе од различно етничко потекло, Бошњанци, Хрвати и Срби. Стариот мост е симбол на толеранција”, изјави Куртулмуш.
Тој изрази надеж дека Стариот мост во Мостар никогаш повеќе нема да биде срушен и дека и понатаму ќе спојува луѓе. Го нагласи значењето на добрите односи помеѓу Турција и Бих во областа на политика, култура и економија и порача дека тие односи ќе се зајакнат и ќе напредуваат.
“Заедничка е желбата за подобрување на односите”, додаде заменик премиерот на Турција и продолжи :
“Не ни е целта да ги зајакнеме односите само со БиХ туку со сите балкански народи, балкански лидери и со сите земји во регионот, Србија, Хрватска, Црна Гора, Грција и Бугарија, бидејќи балканските народи се свесни дека се блиски и делат иста судбина и дека нивните врски ќе зајакнуваат”.
Ја нагласи важноста на Саемот во Мостар и изрази задоволство за партнерството на Турција. Меѓународниот саем на стопанство во Мостар ќе биде отворен од 12 до 16 април 2016 година. На него ќе бидат претставени излагачи од 24 земји на околу 30.000 метри квардатни отворен и затворен изложбен простор. Се очекува саемските штандови да бидат посетени од страна на 50.000 луѓе.
Традиционално застапени на Мостарскиот саем се производите од металната и градежна индустрија, земјоделски и прехрамбени области, најнови достигнувања од автомобилската индустрија, областите на висока технологија но и понуда од банкарски до туристички услужни активности.