Gordana Šimovic
30 Јуни 2016•Ажурирај: 30 Јуни 2016
МОСТАР (АА) - Стариот мост во Мостар вечерва е осветлен со боите на знамето на Република Турција, во знак на солидарност со народот на пријателската земји, која минатата ноќ беше погодена од брутален терористички напад, јавува Anadolu Agency (AA).
Мостар, заедно со целиот свет, е згрозен од последниот терористички напад на Меѓународниот аеродром во Истанбул а граѓаните на Мостар се собраа во стариот дел на градот и гласно прашаа: „Кога ќе запрат бруталните напади на тероризамот кои ја зафатија Република Турција".
Од Центарот за мир и мултиетничка соработка „Мостар“, кој го креираше испраќањето на пораката од Мостар, истакнуваат дека осветлувањето на надалеку познатиот споменик на УНЕСКО, е најмалку што граѓаните на Мостар можат да го направат во овој момент, т.е да испратат порака на солидарност со луѓето на пријателската земја Турција.
Да потсетиме дека Република Турција е првата земја-донатор за реконструкција на Мостар и надалеку познатиот Стар мост. Затоа, Центарот за мир и мултиетничка соработка Мостар, минатата година постхумно го додели високото признание „Mostar peace connection" на поранешниот турски претседател Сулејман Демирел, за неговиот придонес во градењето на Мостар и на Стариот мост.