Ata Ufuk Şeker
29 Јуни 2016•Ажурирај: 30 Јуни 2016
БРИСЕЛ (АА) - Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, порача дека лидерите на 27-те членки на Европската унија се единствени и одлучни да го продолжат заедничкиот пат и по референдумската одлука на Велика Британија да излезе од ЕУ, јавува Anadolu Agency (AA).
Челниците на државите и владите на 27-те земји членки на ЕУ денес со седиште во Европскиот совет во Брисел одржаа состанок кој траеше четири часа, на кој дискутираа за резултатите од британскиот референдум, што беше воедно и прв самит на лидери на ЕУ на кој не присуствуваа претставниците на Велика Британија.
По состанокот на заедничката конференција за новинари на јавноста ѝ се обратија челниците на Европскиот совет и Европската комисија, Доналд Туск и Жан-Клод Јункер.
„Едно е јасно, лидерите на 27-те членки се единствени и одлучни во продолжувањето на заедничкиот пат”, рече Туск.
Истакнувајќи дека нема да бидат започнати никакви преговори за излезот на Велика Британија од ЕУ сè додека официјален Лондон и службено не достави таква одлука до Брисел, Туск изрази надеж дека Велика Британија и во иднина ќе биде близок партнер на Унијата.
Туск, исто така, рече дека пристапувањето на Велика Британија кон единствениот европски пазар би било можно исклучиво со прифаќање на слободно движење на луѓето, стоката и капиталот.
„Единствениот пазар на ЕУ не е менито 'a la carte'”, порача Туск.
Челникот на Европската комисија, Туск, најави дека лидерите на 27-те членки на ЕУ одржаа нов самит на 16-ти септември во Братислава, главниот град на Словачка.
И челникот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, изјави дека денешниот состанок на лидерите на членките на ЕУ без претставникот на Велика Британија протече во мирна и конструктивна атмосфера, при што нагласи дека задача на британската влада е да достави барање до Европската унија за повлекување од Унијата, а преговорите дури после тоа можат да почнат.
Во Велика Британија во четврток се одржа референдум на кој 52 отсто од гласачите се изјаснија дека сакаат нивната земја да излезе од Европската унија. Британската влада е должна службено да ги достави резултатите од референдумот и барањето за повлекување од ЕУ, а преговорите за излезот би требале да траат до две години.