Ekipa
14 Септември 2016•Ажурирај: 15 Септември 2016
СТАРЗБУРГ (АА) - Европската Унија (ЕУ) мора да се обедини со цел да се спротивстави на сѐ поголемите сили коишто се централизираат во Брисел, порача претседателот на Европската комисија (ЕК), Жан Клод Јункер, јавува Anadolu Agency (AA).
Јункер во годишниот говор за состојбата на ЕУ, пред Европскиот парламент во Стразбург наведе дека и понатаму е важечка неговата констатација дека „Европската Унија нема доволно единство“.
На претставниците во Европскиот парламент им порача дека постојат многу работи што не се подобрени и дека предност се дава на националните интереси.
„Европските интеграции не смеат да се покорат на националните интереси. Европа не смее да стане безлична маса. Сакаме да градиме подобра Европа“, порача Јункер.
Зборувајќи за иднината на ЕУ, Јункер истакна дека таа не е загрозена со одлуката на Велика Британија да го напушти блокот, апелирајќи на Лондон колку што е можно побрзо да го започне процесот на повлекување.
„Би биле среќни доколку барањето за Брегзит се случи колку што е можно побрзо, за да ги преземеме конкретните чекори што мора да се случат“, изјави Јункер.
Претседателот на ЕК наведе дека ЕУ ја почитува и истовремено жали поради одлуката на Велика Британија, но дека Унијата како таква не е доведена во прашање.