Ata Ufuk Şeker,Hasan Esen
28 Јуни 2016•Ажурирај: 29 Јуни 2016
БРИСЕЛ (АА) - Претседателот на Совет на ЕУ, Доналд Туск соопшти дека ќе предложи, во септември да се одржи Самит за иднината на Европската унија (АА), по одлуката на Велика Британија да ја напушти ЕУ, јавува Anadolu Agency (AA).
Туск, во Брисел даде своја проценка пред Самитот на ЕУ, изјавувајќи дека ја почитуваат одлуката од референдумот во Велика Британија, но дека, како што истакна, според договорите, британската влада треба да го започне периодот за излез од ЕУ.
„Тоа е единствен правен пат. Секој треба да биде свесен за тоа" изјави Туск.
Туск истакна дека ЕУ е подготвена за периодот на излегување на Британија од ЕУ. „Се разбира дека тоа не го кажувам со нетрпение. Тоа не е сценарио кое го сонувавме. Постојат јасни процедури. Но потребно е Британија да достави официјално барање, без кое не е можно започнување на било какви преговори", посочи претседателот на Совет на ЕУ Туск.
Одлуката за одвојувањето од ЕУ, Туск ја прокоментира како „некој близок кој го напушта домот".
„Не сум единствен со овие чувства. Се случи, што се случи. Мораме да продолжиме понатаму", додаде Туск.
На денешниот состанок на Самит на лидерите на ЕУ, ќе се зборува за резултатот од референдумот ов Британија и според него ќе се извршат консултации за формирање на заеднички став.