Ekipa
29 Јуни 2016•Ажурирај: 30 Јуни 2016
БРИСЕЛ (АА) - Лидерите на 27-те земји членки на ЕУ порачаа дека ќе останат обединети по британскиот глас на референдумот за напуштање на блокот, јавува Anadolu Agency (AA).
По Самитот без британскиот премиер Дејвид Камерон денес, Велика Британија е предупредена дека доколку сака и понатаму да ужива во единствениот пазар на Европската унија, по излезот од блокот мора да прифати граѓаните на ЕУ да можат да продолжат да влегуваат во Британија.
Доналд Туск, претседателот на Европскиот совет, изјави дека излезот на Велика Британија од ЕУ доведе до тоа да другите членки бидат „апсолутно одлучни да останат обединети” .