Kristina Maslareviç
17 Јануари 2016•Ажурирај: 18 Јануари 2016
БЕЛГРАД (AA) – Српскиот премиер и претседател на владеачката Српска погресивна партија Александар Вучиќ, изјави денес дека треба да се оди на предвремени парламентарни избори, јавува Anadolu Agency.
Одлуката ја донел, како што кажа, за да го “реши општествениот конфликт кој ги блокира реформите” кои, според него, треба да бидат завршени до 2020 година и поради тоа на партијата и е потребен целосен мандат.
"Мојата одлука, а не покана за некој иден период да се изјаснуваме за тоа, е да одиме на избори, да одиме во победа за иднината на Србија ", рече Вучиќ во делот од седницата која беше отворена за јавноста.
Изјавата на премиерот беше поздравена со долг аплауз на над 500 членови на Одборот на партијата.
Вучиќ, исто така, рече дека сака да провери каде сака да оди Србија и дали сака да продолжи по европскиот пат во наредните четири години.
“Партијата и владата што ја формиравме се соочуват со голем отпор токму поради тоа што се обидувавме да го разбиеме блокот на тајкуните, политичарите и криминалците на кои не им е во интерес Србија да напредува и било што да се менува”, рече Вучиќ подвлекувајќи дека конфликтот е почнат со оние за кои власта е само начин за лично богатење.
Датумот на предвремените избори сè уште не е фиксиран.
Истакнувајќи дека не сака враќање во раните воени деведесети, ниту во годините по двеилјадитата, Вучиќ ги објасувајќи ги причините зошто сака избори, рече дека "на Србија и треба целосен четиригодишен мандат на Владата за да може да се направи сè, така што европскиот, демократски интегративен процес да биде неповратен".
"На Србија ѝ се потребни уште четири години стабилност, бидејќи по тие четири години нема враќање и гледање наназад. Нам ни треба целосен мандат со силна поддршка на луѓето, за Србија да биде подготвена да се приклучи кон Европската унија, како силен партнер, со целосен мандат за тешки одлуки", рече Вучиќ.