Amina Zorniç
06 Април 2016•Ажурирај: 06 Април 2016
САРАЕВО (АА) - Претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ, денес во Сараево изјави дека најверојатно ќе се сретне со премиерот на Србија, Александар Вучиќ, кој на 12-ти април ќе го посети Мостар, јавува Anadolu Agency (AA).
По многуте реакции во врска со хашката пресуда во последните денови, ќе има можност да се отворат нови разговори, истакна Изетбеговиќ
„Не знам дали ќе се видам со Вучиќ, веројатно ќе се видам. Не подготвивме одредени посебни теми, секогаш е добредојден искрениот разговор. Соседи сме, живееме заедно, се потпираме едни на други. Подобро да се има добри односи базирани на меѓусебното уважување, отколку да се има препирки. Секако, БиХ нема никогаш да премолчи, ниту пак ќе дозволи да ја учи некој на ред, особено не Белград, по сето она што дојде од Белград, но еве можност да разговараме за сè”, рече Изетбеговиќ.