Kristina Maslareviç
30 Март 2016•Ажурирај: 01 Април 2016
БЕЛГРАД (АА) - Според директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ, српскиот премиер Александар Вучиќ ќе го посети Косово во недела, 3-ти април, јавува Anadolu Agency (AA).
Ѓуриќ најави дека премиерот Вучиќ ќе го посети Лепосавиќ, каде ќе се сретне со рударите на рудникот "Трепча", а потоа Зубин Поток и Косовска Митровица, каде што ќе го посети Универзитетот во Приштина, со привремено седиште во Митровица.
"Мислам дека сите се радуваат и се многу среќни што ќе го угостат премиерот", рече Ѓуриќ.
Во однос на тврдењата на некои десничарски организации дека Универзитетот во Приштина ќе се укине, Ѓуриќ, рече дека ништо нема да се смени со универзитет, кој привремено е сместен во Косовска Митровица.
"Србија на таа високообразовна институција ќе ѝ обезбеди секаква можна помош, бидејќи Универзитетот е 'рбетот на иднината на Србија во Косово и Метохија", рече Марко Ѓуриќ.