Besar Ademi
30 Март 2016•Ажурирај: 31 Март 2016
СКОПЈЕ (АА) - Регионалната иницијатива за миграции, азил и бегалци во ЈИЕ (МАРРИ) во Скопје го одржа завршниот настан на проектот „Зајакнување на постапките за утврдување на идентитетот на илегалните мигранти во регионот на МАРРИ”, финансиран од Британската амбасада во Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).
Проектот има за цел да ги охрабри и да ја координира рамката на усогласување на регионалната политика, како и поддршката за градење на капацитети за учесниците на МАРРИ.
Претставници на МАРРИ од сите балкански земји кои присуствуваа на конференцијата, врз основа на фактот дека сите земји се потенцијални кандидати за членство во Европската унија (ЕУ), заклучија дека посветеноста за зајакнување на регионалната соработка е едно важно прашање за европската перспектива на земјите од Западен Балкан.
Националната претставничка на Црна Гора во МАРРИ, Селма Меховиќ, рече дека нивната мисија е поважна од било кога, во контекст на бегалската криза која има силно влијание врз Балканот и во Европа. Таа додаде дека проектот ги поддржува националните институции во изградба на стабилен и ефикасен механизам за заедничко дејствување во процесот на создавањето на идентитетот на илегални мигранти.
"Во текот на изминатите 11 месеци, преку регионални работилници постигнат е нацрт-протокол за користење на заеднички капацитети на интерпретација во областа на миграцијата и азилот за ретки јазици во земјите од Западен Балкан. Постигнат е и развој на софтверот за заеднички простор за интерпретација и стандардни оперативни процедури за користење на база на податоци на миграциите од страна на учесниците во МАРРИ проектот, како и развојот на насоки за утврдување на идентитетот на илегални мигранти, отворајќи го патот за усогласување на идентификацијата на учесниците од МАРРИ ", рече Мехович.
Ценатрот на МАРРИ е постојан орган на Регионалната иницијатива за миграции, азил и бегалци, основана пред повеќе од една деценија, со цел поддршка на регионалниот пристап во своите области. Учесниците во оваа иницијатива се Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово а претставник на МАРРИ оваа година е Црна Гора.