Admir Fazlagic
04 Април 2018•Ажурирај: 06 Април 2018
СКОПЈЕ (АА) - Регионалната иницијатива за миграција, азил и бегалци (МАРРИ) организира средба со медиуми на која беа презентирани постигнатите резултати на МАРРИ на подрачјето на Западен Балкан, а беше претставено и неговото функционирање со седиште во Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).
На настанот директорката на МАРРИ, Тамара Мугоша, ја претстави работата и активностите на МАРРИ истакнувајќи дека Регионалниот механизам е основан да ги поддржи владите на регионот со свое иницирање или координација да ја хармонизираат правната рамка со европското право, во областа на миграциите, да ја поддржат изградбата на институциите и обука на луѓе, со цел подобро се носат со проблмите кои ги имаат и да ја зајакне размена на информациите помеѓу владите од регионот.
„Западен Балкан се соочи со огромен прилив на бегалци во 2015 година. Тоа го покажува податокот дека 1,1 милион луѓе минаа низ балканската рута во 2015 и 2016 година. МАРРИ ги поддржува шесте земји од Западен Балкан кои се транзитни до земјите од ЕУ, преку соодветни механизми полесно да се справат со овие големи миграциски приливи", рече Мугоша на средбата со новинарите.
Таа ги пофали земјите од регионот дека со оглед на сите околности на почетокот на бегалската криза, институциите покажале дека имаат капацитет да работат во кризен менаџмент.
„Ние сме или потенцијални кандидати или земји кандидати за членство во ЕУ, постојат некои стандарди кои сеуште не се задоволени. Во неодамнешната бегалска криза, луѓето кои работат во државните институции се покажаа исклучително капацитирани да работат во кризен менаџмент, кои даода се од себе да се сочува безбедноста, социјален аспект и на Македонија и на Србија кои највеќе беа погодени од бегалската криза, ни недостасува уште многу, но имаме и потенцијал", потенцираше Мугоша.
Во однос на ситуацјата со Балканската бегалска рута, таа истакна дека илегалните премини се проблем кој се појави во прв план по затворањето на балканската рута. Мугоша информираше дека МАРРИ во еден сегмент од своите активности се занимава токму со превенција на сите оние негативни консеквенци на илегалните миграции со кои доаѓа криумчарење луѓе, трговија со органи.
Мугоша Истакна дека при големиот бегалски бран во 2015 најмногу погодени биле локалните самоуправи кои немале доволно средства да се справат со мигрантите, наведувајќи дека во тој контекст ќе се насочат на соработка меѓу централните и локалните власти.
Директорката Мугоша информираше и дека оваа година МАРРИ ја усвои и Стратегијата 2018-2020. Документот претставува резултат на соработката со неколку меѓународни институции и организации кои работат на миграциите, и е во соглассот со Новата стратегија за Западен Балкан и Европската агенда за миграција.
Инаку, МАРРИ е единствена регионална иницијатива за проблематиката со миграциите во која членуваат шесте влади од Западен Балкан (Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија). Основана во контекст на Пактот за стабилност за Југоисточна Европа во 2004 година.